И тоа го видовме во НБА лигата: Хјустон на полувреме водеше со 90-65!

Синоќешниот натпревар меѓу Феникс и Хјустон ќе остане за аналите на НБА лигата. Не се случува секој ден една екипа до полувремето да постигне 90 поени. Токму тоа им успеа на кошаркарите на Хјустон.

По првите две четвртини Рокетси водеа со неверојатни 90-65. Последен пат се случило еден тим да постигне 90 или повеќе поени на полувремето пред 26 години – 1. октомври 1991 година. Интересно, и тогаш тоа беше екипата на Хјустон…

На крајот Хјустон славеше на гостувањето против Феникс со 116-142.

Се вчитува...