И тоа се случи.. Торино му украде играч пред носот на Јувентус

И тоа се случи, Јувентус дочека играч што се наоѓаше пред трансфер во овој клуб да ја извиси „старата дама“, за да се пресели во градскиот ривал Торино. Станува збор за Лијанко, 20-годишен дефанзивец на Сао Паоло, со кого челниците на Јуве веќе разговараа во неколку наврати за да им се приклучи на „црно-белите“.

Се чинеше и дека трансферот од пет милиони евра е договорен, за во последен момент на „сцената“ да влета Торино, постигнувајќи целосен договор и со клубот и со фудбалерот.

Готово е, Лијанко е нов играч на Торино. Ние го продадовме овој играч“ – истакна Нето Јакобсен, спортскиот директор на Сао Пауло.

Младиот 20-годишен дефанзивец потврди дека негова следна дестинација ќе биде „помалиот“ клуб од Торино, а како пресудна се покажа можноста „торинезите“ да му гарантираат на Лијанко поголема минутажа отколку „старата дама“.

Покрај Јуве ме бараше и Атлетико, но мојот избор беше едноставен. Доаѓам во Торино бидејќи во овој клуб ќе имам повеќе можности за настап и за докажување на тренерот“ – изјави Лијанко.

Се вчитува...