Ибра пак „пукна“ по Гвардиола: Пеп нема карактер, бегаше од мене во Барселона

Златан Ибрахимовиќ уште не може да го преболи својот краток престој во Барселона, продолжувајќи ја војната со Пеп Гвардиола. Швеѓанецот имаше одличен старт на авантурата во Барса влегувајќи во долга гол-серија, но потоа беше преселен на клупата, за на крајот од сезоната да биде продаден.

Првите шест месеци беа одлични, но потоа реши да го менува системот на игра и воопшто не сакаше да работи со мене. Пеп Гвардиола нема карактер, возрасните луѓе ги решаваат проблемите, а тој само бегаше од мене во Барселона. Кога и да сакав да зборувам со него, бегаше… јас влегував во соблекувалната, а тој штом ме видеше излегуваше. Не можам да кажам дека е лош човек, но дефинитивно е личност без карактер“ – изјави Ибракадабра.

Воедно, Швеѓанецот ја откри и суштината на проблемот што го имал со трофејниот стратег, а темата била – Лео Меси.

Јас не можам да молчам и му го реков она што го мислев, дека ги жртвува сите фудбалери за Меси. Тој ми одговори дека не се сложува со мене, но ме разбира што зборувам. Од тој момент почна мојот престој на клупата на Барселона, а сета комуникација беше прекината“ – открива Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот ас стигне во Барселона од Интер во 2009 година и на 29 средби постигна 16 погодоци, по што беше продаден на Милан.

Се вчитува...