Ибрахимовиќ има само еден услов за да остане во Манчестер јунајтед

Златан Ибрахимовиќ ги исполнува очекувањата на фановите и управата на Манчестер јунајтед, кои сакаат да го продолжат престојот на шведскиот ас на „Олд трафорд“. Актуелниот договор истекува до крајот на сезонава, и двете страни искажуваат желба соработката да биде продолжена, но последните информации велат дека Ибрахимовиќ сепак ќе почека до јуни пред да ја донесе конечната одлука.

Ибракадабра нема барања за повисока плата, туку само еден единтвен услов за да остане во Манчестер јунајтед – тимот да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Швеѓанецот не го криеше разочарувањето што сезонава не е дел од елитното европско натпреварување и не сака истото да му се повтори и следната година. Според весниците „Мирор“ и „Телеграф“, тој начелно ги дал согласност за нов договор, но најавил дека истиот ќе го потпише само доколку екипата обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Тоа нема да биде нималку лесно ако се знае дека Јунајтед моментно се наоѓа на шестото место на табелата со 48 бода. „Црвените ѓаволи“ можат да обезбедат место во ЛШ и преку Лигата на Европа, доколку успеат да триумфираат во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Се вчитува...