Ибрахимовиќ не бил повреден, Мурињо не му дава да игра

Изненадувачка изјава на Адријан Муту, екс-фудбалерот на Челси, кој вели дека Златан Ибрахимовиќ не е повреден, туку неговиот тренер, Жозе Мурињо не му дава шанса за настап. Романскиот напаѓач тврди дека Ибра и Мурињо не се во добри односи, па токму затоа Швеѓанецот

„Мурињо не се грижи за настапот на својот тим, начинот на кој тие играат фудбал. Тој само сака да победува, па дури и кога екипата игра лошо. Имам информации дека Ибрахимовиќ не е повреден, туку односот со Мурињо се закомплицира и токму затоа не се наоѓа на теренот, каде што припаѓа“, изјави Муту.

Пензионираниот Муту во својата кариера краток период играше под палката на португалскиот стратег, но набрзо беше исфрлен од клубот откако доби суспензија поради користење на наркотични супстанци во 2004 година.

Се вчитува...