Ибрахимовиќ од скапи автомобили се префрли на коњи

Златан Ибрахимовиќ е вљубеник во скапи автомобили и горд сопственик на импресивна колекција во која има и примероци  Ферари Енцо, Порше 918 спајдер, Ламборџини Гаљардо… Но, сега шведскиот репрезентативец има нов интерес и нов „миленик“.

Додека се опоравува од повредата, фудбалерот на Манчестер јунајтед, инвестира голема сума во „Гранде Дени“.  Не се работи за нов тип на автомобил, туку за расен коњ што се натпреварува во јавање со пречки.

Ибрахимовиќ со новата аквизиција се пофали на својот профил на Твитер  со порака „животното препознава животно“.

ibrahimovic konj

Се вчитува...