Ибрахимовиќ повеќе не е играч на Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ и Манчестер јунајтед ја прекинаа соработката, Швеѓанецот повеќе не е „ѓавол“, пренесува британскиот медиум „Скај Спортс“. Мино Раиола истакна дека 35-годишниот напаѓач имал желба да ја продолжи соработката со Јунајтед, но поради тешката повреда која ја стави во прашање и неговата кариера,  одлучија да се осигураат со напаѓачки сили за следната сезона преку Алваро Мората. Шпанецот сигурно го напушта Реал, прашање е само кога и каде, во игра се Јунајтед Челси и Милан.

Златан имаше фантастична дебитантска сезона во Премиер лигата, докажа дека се уште може да се носи со најдобрите. Постигна 28 погодоци и 10 асистенции во 46 меча, но повредата на коленото во четвртфиналето против Андерлехт го спречи да ја заврши сезоната со стил. Сепак со три трофеи заминува од „Олд трафорд“, и нормално уште повеќе фанови во клубот „Златан“.

Се шпекулираше дека оваа повреда може да го спречи да ја продолжи кариерата, но Ибра секојдневно изненадува со напредокот преку социјалните мрежи, вели дека нема намера да прекине со фудбал во скоро време. Иднината засега му е неизвесна. Во игра се неколку клубови од САД и Европа, нормално Кинезитед „полудуваат“ по него, но знаејќи го Златан, се чини дека ќе остане уште некоја година на стариот континент, нема сомнежи дека има сила и волја да помогне на било кој од гигантите за европската титула. Лигата на шампиони е единствениот пехар кој му недостасува во својата колекција.

Се вчитува...