Ибрахимовиќ се враќа на „Олд трафорд“, договор во декември или во јануари? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59
Фудбал
25/07/2017 22:28
Фудбал
25/07/2017 21:52

Ибрахимовиќ се враќа на „Олд трафорд“, договор во декември или во јануари?

Ибрахимовиќ се враќа на „Олд трафорд“, договор во декември или во јануари?

Златан Ибрахимовиќ е чекор поблизу до враќање во Манчестер јунајтед откако шведскиот ас реши следната фаза од рехабилитациската програма да ја мине во Манчестер. Откако пред неколку дена беше обелоденето дека тој ја одбил понудата од шест милиони евра по сезона за следните три години во ЛА галаси, сега камбек на „Олд трафорд“ делува како најсериозна опција за шведскиот голгетер.

Во прилог на тоа оди и фактот дека Ибрахимовиќ повторно ги запишал своите два синови да бидат дел од младинската академија на Манчестер јунајтед, од каде ги отпиша на крајот на месец мај. Тогаш плановите на Ибра беа врзани со САД, но откако тоа се промени сега голгетерот многу посериозно ја разгледува опцијата за нов потпис со „црвените ѓаволи“. Синовите на Златан ќе тренираат во У10 тимот заедно со синовите на Рајан Гигс и на Ники Бат, а според англиските медиуми тие ќе останат најмалку до следното лето во Манчестер.

Според последните информации од „островот“, тој е подготвен да ја мине рехабилитациската програма во тренинг-кампот „Карингтон“, за потоа штом биде „фит“ за играње фудбал да го стави својот потпис на договорот со Манчестер јунајтед, што би се случило во декември или јануари. Златан Ибрахимовиќ минатата сезона го освои првиот европски трофеј во Лигата на Европа, па сака со „ѓаволите“ за последен пат да се обиде да дојде до пехарот во ЛШ, пред да го напушти „Стариот континент“ и да замине за САД, од каде веќе извесно време добива бројни понуди.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.