Ибрахимовиќ во „аут“ до крајот на сезоната

Непријатни вести за Манчестер јунајтед и менаџерот Жозе Мурињо. Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ ќе паузира до крајот на сезоната откако ги повреди лигаментите на коленото на синоќешниот четвртфинален меч од Лигата на Европа против Андерлехт. Тој незгодно доскокна по еден воздушен дуел, падна на теренот и потоа мора да ја напушти играта. Менаџерот Жозе Мурињо и по мечот истакна дека стравува за повредите на Ибрахимовиќ и на Рохо, а сега тоа и се потврдува.

Ибрахимовиќ ќе мора да замине и на дополнителни лекарски прегледи за да се утврди дали ќе мора да биде извршен и хируршки зафат над неговото колено. Доколку е така, тој ќе паузира долго од фудбалските терени.

Се вчитува...