Ибраими: Во Скопје да обезбедиме резултат за помирен реванш во Тетово

Двете најдобри екипи во Македонија, Вардар и Шкендија, денеска ќе се сретнат вторпат оваа пролет, овојпат во рамките на првиот четвртфинален дуел од Купот на Макаедонија. Натпреварот ќе се игра на арената „Филип Втори“, со почеток во 14 часот, а напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими, се надева дека неговиот тим ќе успее да обезбеди поволен резултат за да си го олесни реваншот кој е закажан во Тетово на 7.март.

„Купот е сосема поинакво натпреварување, носи елиминација во два натпревари, па оттаму мораме да бидеме максимално фокусирани. Нашата цел е да се бориме за двата пехари оваа сезона, па ќе дадеме се од себе за да извлечеме поволен резултат денеска против Вардар. Тоа ќе биде мошне значајно, за да си обезбедиме помирен реванш во Тетово. Подготвени сме за надигрување и посакувам барем еднаш да ја затресеме мрежата на Вардар“, вели Бесарт Ибраими.

Се вчитува...