Идејата за Регионална лига се претвора во циркус: УЕФА планира повеќе лиги за да ги издвои Србите и Хрватите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Идејата за Регионална лига се претвора во циркус: УЕФА планира повеќе лиги за да ги издвои Србите и Хрватите

Идејата за Регионална лига се претвора во циркус: УЕФА планира повеќе лиги за да ги издвои Србите и Хрватите

Идејата за формирање на регионална лига е се поактуелна период по доставувањето до УЕФА на предлог проектот за обединување на фудбалскиот регион од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Но, се чини, Хрватите и Србите желни секој по свое да го води тоа идно регионално натпреварување, тешко дека ќе може да се договорат за една таква заедничка лига. Па, затоа разговорите за регионална лига сега се повеќе наликуваат на циркус отколку на сериозна дебата за почеток на проект од интерес на сите.

Показател повеќе за тоа се и најновите информации кои доаѓаат од хрватските медиуми, дека УЕФА планира формирање на најмалку две регионални лиги како би ги издвоила Хрватите и Србите.

Во УЕФА не негираат дека плановите за почеток на регионални натпреварувања се во значителен развој, посебно откако на чело дојде Словенецот Александар Чеферин, но се размислува на форматот. А, според најновите идеи, би се формирале две регионални лиги од кои во едната Македонија би била заедно со Србија, Црна Гора, Албанија, Турција, Грција, Романија и Бугарија. Додека во втората Хрватска би била заедно со Чешка, Австрија, Словенија, Словачка, БиХ и Унгарија.

Исто така се спомнува и регионална лига на просторите на поранешниот СССР, во која би се натпреварувале Русија, Азербејџан, Ермениија, Грузија и Молдавија.

Според најавите од УЕФА веќе подготвиле и награден фонд за овие натпреварувања, а најдобрите од лигите ќе добијат свои места во Лигата на европските шампиони и во Лигата на Европа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.