Иџе без место на подиумот на првата трка во Португалија

Игор Стефановски Иџе го освои четвртото место на првата од двете трки што денеска ќе се возат на патеката Вила Реал во Португалија, во рамките од ЕТЦЦ шампионатот.

„Летечкиот Македонец“ не можеше да се носи со водечките Петр Фулин и Норберт Наѓ, но Стефановски беше многу близу до третата позиција и место на победничкиот подиум. Сепак, во претпоследниот круг дојде до судир меѓу него и Хозе Родригез, по што Родригез го мина Иџе и ја заврши трката како третопласиран, додека Стефановски мораше да се задоволси со петтата позиција.

Стјуардите на трката најавија дека овој инцидент ќе биде дополнително прегледуван, па не се исклучува можност Иџе дополнително да биде вратен на третото место. Втората трка ќе се вози со почеток во 13.50 часот.

Се вчитува...