Иџе Стефановски го напаѓа подиумот на патеката „Золдер“ во Белгија

Викендов во Белгија, по  пауза од неколку месеци, на патеката „Золдер“  од 15. до 17. септември, ќе се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ за оваа година.

Игор Стефановски Иџе  и неговиот Сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.

Патеката „Золдер“ на која Иџе ќе ја вози 5та трка оваа година, има 4 километри сив асфалт, 10 кривини и 50 годишна традиција. Золдер  е непозната патека за нашиот автомобили ас, но тој истакнува дека целиот тим е комплетно фокусиран кон победа во Белгија.

„АКК Стефановски е подготвена и за овој предизвик. И покрај тоа што ова е патека која не сум ја возел досега, очекувањата се големи. Во екипата владее прекрасна атмосфера, а ние целиме кон победа. Добар настап во Белгија може да ни обезбеди прво место, па затоа сите сме оптимисти“– истакнува Стефановски.

idze stefanovski 2

Во петок 15.09 ќе има тренинг возење, во сабота квалификации, а трките во недела ќе се возат во 13:05 и 14:10. Двете трки, фановите на Иџе ќе може да ги следат на спортскиот канал Еуроспорт 2 во18:00 и 18:30 или на собранискиот канал на националниот сервис во недела 17 септември.

До крајот на шампионатот, покрај претстојната трка во Белгија, останува само последната трка во Мост во Чешка, која ќе се вози од 6. до 8. октомври.

Се вчитува...