Иџе во Италија го тестираше новиот ТЦР автомобил на Хјундаи (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Иџе во Италија го тестираше новиот ТЦР автомобил на Хјундаи (ФОТО)

Иџе во Италија го тестираше новиот ТЦР автомобил на Хјундаи (ФОТО)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе имаше ексклузивна можност да го тестира новиот ТЦР автомобил Hyundai i30 N TCR за фабричкиот гигант во авто спортот- Хјундаи мотоспорт.

Новиот модел Иџе го тестираше на патеката Нуволари во Италија, на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, Италијанецот Габриеле Таргвини.

„Чест е да се добие покана и шанса да бидеш меѓу првите во светот за тестирање на светски признат и докажан фабрички тим. Посебно сум горд затоа што поканата е добиена директно од врвен возач како Таргвини, кој заедно со шефот на Хјундаи мотоспорт, господинот Андре Адамо одлучиле и јас да бидам дел од овој фантастичен настан на официлајниот тест на патеката Нуволари во Италија. Задоволен сум и поради фактот, што самиот тест помина одлично, дури и ги надмина моите очекувања. Условите на патеката не беа идеални, но брзината и умешноста да се справам уште во првите кругови со еден нов автмобил, ми помогнаа во реализацијата. Морам да нагласам дека успеав да достигнам време кое е завидно за таа патека. Ова е патека на која настапувам првпат. Јас сум задоволен, а задоволен и е мојот инжизнер Мирослав Растовиќ со кога сме заедно тука. Целата екипа е пресреќна. Мошне позитивни се и рекациите во тимот на Хјундаи мотоспорт од кои добив искрени честитки. Најголема радост ми причини реакцијата на големиот Таргвини со кој си разменивме многу информации околу новиот автомобил“ – вели Стефановски.

Idze test 2

Тој додава дека во текот на следните денови ќе се направи уште едно тестирање, најверојатно на сува подлога, со цел да се добијат детални поадтоци за новиот автомобил.

„Мојот тим веќе прави анализа со која би донеле одлула дали можеби токму овој автомобил би бил нашиот арсенал за следната сезона“ – истакнува Игор Стефановски – Иџе.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.