Игонин: Вардар не е мотивирачки тим за Зенит, тоа може да е проблем за добра игра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Игонин: Вардар не е мотивирачки тим за Зенит, тоа може да е проблем за добра игра

Игонин: Вардар не е мотивирачки тим за Зенит, тоа може да е проблем за добра игра

Пред пресметката меѓу Вардар и Зенит во четврток на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, поранешниот капитен на рускиот тим а сега стручен аналитичар за рускиот „Спорд – ден за ден“, Алексеј Игонин вели дека Лигата на Европа е се помалку атрактивна за клубовите со големи буџети и од најсилните европски лиги. Затоа се повеќе шанса добиваат оние малите клубови.

Според Игонин, за Зенит проблем околу квалитетно издание во Скопје може да претставува и фактот што Вардар не е тим кој може да го мотивира составот на Роберто Манчини.

„Се надевам дека Зенит ќе победи. Но, загрижувачки е статусот на противникот. Вардар не е некој тим кој може да го мотивира и предизвика Зенит. Ако Зенит се натпреваруваше со клуб со звучно име од Европа, сигурен сум дека расположението во тимот ќе беше поразлично, а фудбалерите пожелни за фудбал. Па, се плашам дека сега да зборуваме за некаква сериозна конфронтација со клуб од првенство од Македонија ќе остане само на зборови. Ништо друго“ – вели Игонин дополнувајќи, пак, од друга страна, дека Вардар ќе биде во предност поради мотивацијата од дебито во едно вакво натпреварување.

„Вардар на своја страна ќе ги има мотивот и поддршката од навивачите. На Зенит ќе му биде тешко на почетокот од средбата, затоа што домашните ќе почнат со еуфорија… Зенит ќе има шанса сигурен сум преку контранапади да го загрози домашниот гол. Како и да е, сигурен сум дека се ќе зависи на крајот колку фудбалерите на Зенит ќе бидат добро мотивирани за натпреварување“ – истакнува Игонин.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.