Игор Стефановски-Иџе: Дојдов во Чешка по златото

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, во пресрет на последната трка од ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година, на патеката Мост во Чешка, најави дека ќе се бори за победа и за освојувањена европската титула. Стефановски има три победи во годинашниот шампионат и е еден од петте возачи што се во конкуренција за шампионската титула, со заостанување од осум бода зад видечкиот во генералниот пласман, Петр Фулин.

„Одам во Мост за да победам и да го освојам шампионатот. Тоа е мојата и амбицијата на мојот тим. Патеката Мост е непозната за мене, но се надевам дека ќе неколку тестирања таму пред трката“ – вели Игор Стефановски-Иџе во изјавата објавена на официјалниот сајт на ФИА ЕТЦЦ.

Трката на патеката Мост во Чешка ќе се одржи на 8 октомври. По досегашните пет трки, во генералниот пламан на возачи, во водство е Чехот Петр Фулин со 63 бода. Зад него во водечките пет возачи во шампионатот се Кристјоханес Шрибер со 57, Норберт Наџи со 56 и Игор Стефановски со 55 бода.

Се вчитува...