Игуаин: Буфон со една мотивирачка реченица ме врати во живот!

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин се врати во голгетерски ритам токму кога беше најпотребно, обезбедувајќи му на Јувентус пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тој одигра маестрално во второто полувреме на „Вембли“ и со гол и асистенција кон Дибала го сврте резултатот во корист на „старата дама“, откако Тотенхем имаше водство во првиот дел.

Игуаин му се заблагодарува на капитенот Џанлуиџи Буфон, кој го мотивирал во моментите кога му било најтешко.

„На полувремето на мечот во Удине ни објасни што е вредноста на тимот и заедништвото. Победивме со 6-2, а тој ми рече дека работата на напаѓачот не е само да дава голови, треба да се смирам и се ќе си дојде на свое место. Му благодарам до небо, тој ме врати во живот, и головите дојдоа токму кога беше најпотребно“, изјави Игуаин.

Се вчитува...