Ихнева си замина од ЖРК Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41
Ракомет
28/05/2017 0:45

Ихнева си замина од ЖРК Вардар

Ихнева си замина од ЖРК Вардар

Младата ракометарка Алена Ихнева не е повеќе дел од македонскиот шампион ЖРК Вардар, објави клубот на својата официјална веб-страница. Руската интернационалка дојде како засилување во редовите на „црвено-црните“ пред две сезони од Лада Толјати, а договорот и беше во важност од три години. Ракометарката која игра на позицијата лев бек побарала да се раздели со клубот и си заминува како слободен играч.

„Ихнева изрази желба да замине, и тоа клубот го почитува давајќи и можност да продолжи во друга спортска средина. Две сезони ги бранеше боите на Вардар и клубот е среќен што во своите редови имаше таков играч. На Алена и посакуваме многу среќа во спортската кариера и животот“ –  изјави Давор Стојаноски за клупскиот сајт.

фото: ЖРК Вардар

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.