Икарди: Јас во Мадрид на прегледи? Живи глупости

Мауро Икарди категорично ги отфрли гласините дека неговиот трансфер во Реал Мадрид е веќе завршена работа, а тој во најскоро време треба да ги мине лекарските прегледи во шпанскиот главен град. Откако и во минатото одби неколку богати понуди од клубови ширум Европа, Аргентинецот уште еднаш ја потенцираше својата лојалност кон Интер.

„Медицински прегледи со Реал? Живи глупости. Ова не е првпат да сум поврзан со трансфери, згора на тоа не зависи се од мене бидејќи клубовите се тие кои први преговараат меѓу себе, но мојот личен став останува ист како и порано – супер ми е во Милано, го сакам градот, играм во одличен тим за кој постигнувам многу голови и сум капитен на тој тим. Јас сум фокусиран само на целта – да му помогнам на Интер да освои што повеќе бодови, а прашањата за трансфер треба да ги поставите на друго место, кај клубот“ – изјави Икарди за „Газета дело спорт“.

Аргентинецот сезонава досега има постигнато 16 голови во Серија А, со што е најзаслужен што Интер моментно се наоѓа на првото место на табелата.

 

Се вчитува...