Икарди пред сензационален трансфер – на пат кон Реал Мадрид!

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди (23) се наоѓа пред голем трансфер. Според „Л’екип“, аргентинскиот фудбалер е блиску до премин во редовите на Реал Мадрид и трансферот би можел да биде реализиран до крајот на јануари.

Францускиот весник ја пренесе информацијата дека Икарди веќе имал разговори со претставниците на Реал Мадрид на крајот од минатиот месец. Аргентинецот е заинтересира за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но реализацијата на трансферот во голем дел зависи и од Интер бидејќи Икарди  е под договор со италијанскиот тим до 2021 година.

Сеапк, најавите се дека постои голема веројатност клубовите да се договорат и Икарди наскоро да се пресели во Мадрид. Поради лошата форма на Карим Бензема, „кралевите“ се во потрага по добар напаѓач. Аргентинецот има 17 гола на 21 натпревар сезонава што доволно говори за неговиот потенцијал.

Пазарната вредност на Мауро Икарди моментно се проценува на 75 милиони евра, но имајќи го предвид тригодишниот договор, Интер за него може да бара и многу повеќе од оваа сума.

Се вчитува...