Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa
Ekipa
Топ Вести

Илчо Ѓорѓиоски во јуни добива четиригодишен мандат во Фудбалската федерација на Македонија

Илчо Ѓорѓиоски во јуни добива четиригодишен мандат во Фудбалската федерација на Македонија
Илчо Ѓорѓиоски сосема очекувано ќе биде единствениот кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на претстојното Редовно изборно собрание на ФФМ кое треба да се одржи на 29. јуни

Илчо Ѓорѓиоски
сосема очекувано ќе биде единствениот кандидат за претседател на Фудбалската
федерација на Македонија на претстојното Редовно изборно собрание на ФФМ кое треба
да се одржи на 29. јуни.

 

Ѓорѓиоски кој
претходно пред нешто помалку од една година го презеде кормилото на нашата
фудбалска федерација, сега го очекува нов четиригодишен мандат, откако Управниот
одбор на ФФМ ја усвои претседателската кандидатура, а беа потврдени и листите
со предложените делегати од Општинските фудбалски сојузи, но и листите со 25
предлози за нови членови на УО на ФФМ.

 

Како што е
познато, од претходно Управниот одбор утврди и промени во предлогот за нов
натпреварувачки систем во Првата, Втората и Третите фудбалски лиги од сезоната
2014/2015.

 

Според
предложените промени во натпреварувачкиот систем, како што е познато, Првата
лига од 2014/2015 ќе брои десет екипи , а ќе се игра по трокружен систем, нешто
слично согласно примерите во Швајцарија и во Австрија. Потоа преку мини плеј-оф
и плеј-аут лиги ќе се одлучуваат шампионот односно клубовите кои ќе испаѓаат од
лигата.

 

Втората лига,
пак, ќе се крати од 16 на 10 екипи, повторно со практикување на трокружен
натпреварувачки систем, при што првопласираните две екипи ќе одат директно во
Првата лига, додека третопласираната ќе игра бараж за опстанок со
осмопласираниот тим од елитата.

 

Согласно овие
предлози јасно е дека во престојната сезона, 2013/2014, четири екипи од Првата
лига ќе се преселат директно во второлигашкото друштво.

 

Системот за
натпревари во Третите лиги ќе биде двокружен со по 12 екипи, а првопласираните
екипи од петте региони ќе играат баражи за место во Втората лига.

 

Овие промени за
да бидат официјализирани најпрво треба да бидат усвоени од Собранието на ФФМ на
претстојниот собир кој треба да се одржи на 29.јуни.


Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.