Илчо Наумоски по оставката на Седлоски: Шпиуните секогаш неславно завршуваат!

Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски се огласи со став преку својот фејсбук профил, околу денешното повлекување на Гоце Седлоски од клупата на Вардар.

„Шпиуните секогаш неславно завршуваат… Го храниш 8 години, го чуваш, му наоѓаш клубови… ама џабе, ум не можеш да му дадеш…. Неславен крај на „македонскиoт Мурињо“… Ама, во секое лошо има и добро, сега виде македонскиот народ за кого се работи, бадијала 100 настапи кога си шпиун во душата …… Да живее Вардар и Македонија!!!!!“ – напиши Наумоски притоа објавувајќи и заедничка фотографија со Седлоски од времето на настап во австриски Матерсбург, како алудирање за кого се работи неговата објава.

ilco print

Како што е познато, зборувајќи отворено во интервјуто за ЕКИПА минатата година, Наумоски информираше дека неговите односи со Седлоски се нарушени од поодамна откако добил „нож во грб“ од неговиот поранешен добар пријател од репрезентацијата. Наумоски тогаш истакна дека Вардар нема иднина во европски рамки со Гоце Седлоски на клупата…

„Да бидам искрен јасно е дека Вардар пати од тренерите. За Вардар нема иднина со Гоце Седлоски и сите шпиони околу него. А, кои се тие шпиони кои само му штетат на клубот а гледајќи ги само своите лични интереси, фудбалската јавност и навивачите на клубот многу добро знаат. Додека не се исчисти тоа Вардар никогаш нема да успее да биде европски клуб. Верувајте ми затоа што многу добро сум запознаен со состојбите во клубот. Погледнете ги игрите на терен, па и резултатите, кои воопшто не одговараат со буџетот и условите кои ги има тимот, и се ќе ви биде јасно… Седлоски покажа дека не знае да биде стратег, педагог, и дека добар играч не мора да значи и добар тренер. Тренер кого повеќе го интересира што и како му ’лајкуваат’ играчите на фејсбук и со кого пијат кафе отколку фудбалската стратегија…, па потоа дели забрани и казни врз основа на тоа кој со кого и како се дружи. Се е кажано. Ова го мислат и добар дел од играчите на Вардар, но нормално се плашат јавно да го кажат. Посебна приказна е што Седлоски, пак, воопшто не го носи Вардар во срцето како за нешто свое. А, Вардар треба да се доживува од срце за да можеш да успееш со него. Јас многу добро го знам мислењето на Седлоски за Вардар. Кога играв за Вардар тој беше тренер на Хоризонт Турново, и многу добро знам какви се не зборови употребуваше кога ќе се спомне Вардар“ – рече Наумоски.

Комплетното интервју на Илчо Наумоски за ЕКИПА може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...