Илиевски: Блокотехна не се базира на поединци, туку на силен колектив

Блокотехна тргна одлично на стартот од новата сезона, бележејќи три убедливи победи во домашното првенство, надополнети со два триумфи во БИБЛ. Тимот од Гевгелија делува скромно, потенцирајќи дека не брка трофеи во својата дебитантска сезона, но факт е дека тренерот Илиевски умешно состави квалитетен тим, од играчите кои лани настапуваа во Втората лига за Радовиш, надополнети со квалитетни странски засилувања.

Сметам дека еден од факторите за нашиот одличен старт се квалитетните пријателски натпревари во подготвителниот период. Одработивме квалитетни подготовки и тоа сега ни носи резултат, без оглед на проблемите со повредите на стартот од сезоната, пред се оние на Цветковски и на Казарновски. Нема посебна тајна, напорно работиме и не се базираме на поединци, туку сите се посветени на колективот и на тимскиот резултат“ – изјавува тренерот Марјан Илиевски.

Блокотехна денеска се соочува со првиот посериозен предизвик, на гостувањето во Софија против Левски во рамките од БИБЛ-лигата.

Се среќаваме со екипа што игра добра кошарка, пред се на домашен терен. Сметам дека квалитетот е прилично израмнет, тие ќе сакаат да доминираат пред своите гледачи, а наша цел е како и на сите досегашни дуели да покажеме дека сакаме да победуваме“ – истакнува Илиевски во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...