Илиевски и Ганиу во стручниот штаб на А репрезентацијата

За дуелот со Лихтештајн во Вадуц на 24. март, стручниот штаб на македонската репрезентација ќе биде дополнет со уште две имиња, поранешниот репрезентативец Милан Илиевски и екс-стратегот на Шкупи, Висар Ганиу.

Илиевски, кој во моментов е член на стручниот штаб на Работнички, доаѓа како прв асистент на Ангеловски, а Ганиу ќе го пополни местото на Арѓент Беќири кој стартуваше тренерска кариера на Косово.

„Илиевски и Ганиу се мои предлози за пополнување на стручниот штаб“ – вели Ангеловски.

Пред да биде официјално нивното именување во стручниот штаб на А репрезентацијата, најпрво предлогот на Игор Ангеловски треба да биде прифатен на утрешниот состанок на Управниот одбор на ФФМ.

Се вчитува...