Илина: Вардар е огромен предизвик за мене, понуда која не се одбива... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 12:10
Ракомет
16/01/2017 13:01
Ракомет
16/01/2017 9:51
Ракомет
15/01/2017 23:03

Илина: Вардар е огромен предизвик за мене, понуда која не се одбива…

Илина: Вардар е огромен предизвик за мене, понуда која не се одбива…

Белоруската репрезентативка Дијана Илина е петтата нова ракометарка во редовите на Вардар за престојната сезона. 20-годишната Илина во сезоната 2014/2015 настапуваше за Астраханочка, две сезони, од 2012 до 2014 играше во белоруски Гомељ, по што следеше трансфер во Астраханочка. Од 2013 година настапува и за сениорската репрезентација на Белорусија, а сега доаѓа во Вардар, како што вели, во тим со големи европски амбиции, остварувајќи еден свој сон…

„Многу малку знам за Вардар, освен само што гледам натпревари на клубот во Лигата на шампионите. Вардар е навистина голем клуб со големи амбиции. Како и секој играч и мојот сон е да играм во лигата на шампионите и среќна сум дека ја добив оваа шанса. Ќе дадам се од себе, ова е навистина понуда што не се пропушта. Многу добра шанса за мене како млад играч да настапувам за екипа како Вардар и да имам вака силни натпревари. Добра шанса да го пробам и да го осетам овој квалитет на игра“вели Илина, во разговор за официјалната интернет страница на клубот и дополнува:

„Сите девојки одлично ме прифатија. Имам се уште мали проблеми околу јазичната бариера, но главните поенти ги разбирам и имам голема поддршка од колешките во тимот кои постојано ми помагаат. Засега не се оптоварувам со минутажата за играње“.

Илина е среќна што ќе има можност да игра покрај врвни ракометни имиња во Вардар, верувајќи дека брзо ќе напредува, постојано подобрувајќи ја својата игра.

„Не можам да кажам за минутажа и колку би играла, но среќна сум што имам шанса да добијам пракса да играм со играчи какви што има Вардар. Верувам дека брзо ќе напредувам и ќе добијам и поголема доверба од тимот да играм повеќе и на повеќе натпревари. Во Астраханочка играв 1,5 година. Среќна сум што токму тука почна и мојот подем во кариерата. Многу научив во овој тим. Имаат огромни амбиции и прекрасни млади ракометари. Има и навивачи кој ја подржуваат екипата. Сигурно ќе можам да помогнам да бидеме спремни за предизвикот што не очекува во лигата на шампионите на нашите натпревари“истакнува белоруската ракометарка.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.