Илиоски трет на Источно-европскиот шампионат во мотокрос - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Илиоски трет на Источно-европскиот шампионат во мотокрос

Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христијан Илиоски на најдобар можен начин се врати на меѓународната сцена, освојувајќи го третото место на првата трка од Источно-европскиот шампионат која викендов се одржа во Серес, Грција, а на која настапија 75 возачи поделени во 5 класи: MX1, MX2, MX, MX65 и MX85.

Илиоски на квалификациите во саботата забележа најдобро време кое беше за 0,7 делови од секундата подобро од она на второпласираниот Тотев Тодор од Бугарија, но на првата трка токму Тотев беше човекот кој изби на чело на колоната и до крајот не ја испушти победата од рацете. Во втората трка првото место му припадна на Романецот Адриан Радута кој извозе одлична трка. Илиоски на втората трка возеше на третата позиција притоа успеа да му се доближи на само една секунда од второпласираниот Тотев но недоволните подготовки си го направија своети и Илиоски остана на третата позиција.

Илиоски настапи на оваа трка без подготовки како што тоа го имаат другите возачи со кои тој се бори за челните позиции, финансиите се како и секогаш главен проблем па се надеваме дека конечно оваа сезона Христијан Илиоски ќе најде достоен спонзор кој ќе го помогне неговиот успех на меѓународен план. Популарниот Кико ги има титулите од Источно Европскиот шампионат во класите МХ2 и МХ2 – јуниор, беше балкански шампион во класата МХ85 и стана првиот Македонец кој донел бод од Светкиот шампионат во мотокрос.

Во Серес МФМ беше претставувана од седум возачи при што во класата МХ85 го имавме фантастичниот Андријан Ристески кој едноставно немаш среќа овој викенд. Андријан не ја заврши првата трка заради скинат ланец, а на втората по само неколку кругови кога беше на петтата позиција и атакуваше на четвртата неговиот мотор едноставно запре. Навистина штета за него, но не треба да се обесхрабрува бидејќи од она што имавме прилика да го видиме, со сигурност можеме да кажеме дека пред него е светла иднина и очекуваме големи резултати веќе од следната трка.

Во класата МХ (МХ3) Македонија имаше двајца претставници, Борче Костов – Жолт и Гркот Петрос Танусис кој настапи со наша лиценца. Во класата на ветераните Костов финишираше на петтата позиција, а Танусис вкупно беше шести што претставува одличен резултат.

Во класата МХ2 имавме двајца претставници, нашиот Христијан Станковиќ и Црногорецот Виктор Ивановиќ. Станковиќ заврши на 14-та позиција (од 18 возачи во класата), но она што е важно е искуството кое тој го собира од трка на која присуствуваат врвни возачи додека за него ова е прва трка во оваа класа на меѓународен план.

Вториот претставник на МФМ, Виктор Ивановиќ имаше одличен настап во силната конкуренција освојувајќи го 5. место на втората трка во МХ2. Младиот Ивановиќ покажа одлични вештини, а неговото возење е значително подобрено од она што го видовме минатата сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.