Илиоски втор на Источно-европскиот мотокрос шампионат во Турција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Илиоски втор на Источно-европскиот мотокрос шампионат во Турција

Македонскиот мотоциклист Христијан Илиоски го освои второто место во најсилната класа МХ1 на втората трка од Источно-европскиот шампионат во мотокрос кој овој викенд се возеше на патеката Хајраболу во Турција.

МФМ имаше тројца свои претставници, и Борче Костов во класата МХ3 и Андриан Ристевски во класата МХ85. Илиоски го обезбеди вториот пехар во сезоната во Источно-европскиот шампионат, откако на првата трка во Серес финишираше како третопласиран.

Илиоски имаше одлична можност да дојде и до победа на оваа трка, откако беше на првата позиција се до два круга пред крајот на трката кога водечкиот во шампионатот Романецот Адријан Радута успеа да го мине. Последниот свиок на одличната патека ги подгреа надежите на многубројната турска публика чии симпатии ги освои Илиоски дека тој ќе биде победник, но за жал не успеа да го претекне Романецот.

Во генералниот пласман во оваа класа водечки е Адријан Радута (Романија) со 72 бода, втор е Тодор Тотев (Бугарија) со 67 бода, а на третата позиција е нашиот Илиоски со 62 бода.

Андријан Ристевски, во класата МХ85, пак, го забележа одличното петто место. Поради лошите временски услови и во оваа класа се возеше само една трка, а за Ристевски ова се први бодови откако на првата трка во Грција имаше проблеми со моторот и не ги заврши двете трки. Во класата МХ3 Борче Костов во конкуренција на 35 возачи на првата трка заврши на 11. позиција, односно 5-ти во класата ветерани, а на втората трка финишираше на 13-та позиција, односно 6-ти во својата класа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.