Импресивно враќање на Стеф Кари – со 10 тројки, руки го засени „Кралот“!

Стеф Кари се врати на НБА паркетот по повеќенеделната пауза на повеќе од импресивен начин. Кари погоди 10 од 13 шута за три поени и собра вкупно 38 поени за само 26 минути на паркетот во победата на Голден стејт против Мемфис од 141-128.

Одбележа свој деветти меч со најмалку 30 поени сезонава, и тоа после 11 пропуштени меча. Клеј Томпсон дополни со 21 поен, а Кевин Дурант имаше 20 поени и 9 асистенции.

На спротивната страна Марк Гасол ги предводеше Гризлис со 27 поени и 6 скока, додека Тајрик Еванс имаше 22 поени дополнети и со 9 проигрувања.Јута го изненади Кливленд победувајќи со 104-101, благодарение на одличната рака на Донован Мичел со 29 поени и шест асистенции. Мичел на 25 секунди пред крајот положи преку Леброн Џејмс за 103-100 и на тој начин ја трасираше победата на Јута по три порази во низа.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај Кливленд со 29 поени, 8 скока и шест асистенции, а 22 поени дополни Џеф Грин.Атланта го победи Портланд со 104-89. Денис Шрудер блескаше со 22 поени и 8 асистенции, а незапирлив беше во второто полувреме кога постигна 18 поени. Портланд беше ослабен со неиграњето на Демијан Лилард, а центарот Јусуф Нуркиќ погоди само три од 11 шута од игра за 8 поени, дополнети и со 11 скока и три блокади.

NBA Zapad

Њујорк го совлада Њу Орлеанс со 105-103 на гостувањето во Луизијана. Херој на мечот беше Џерет Џек со 9 едноподруго поени во финишот од мечот.

Кристапс Порзингис ги предводеше Никси со 30 поени и 7 скока, додека Џек и Мајкл Бизли постигнаа по 15 поени. Ентони Дејвис беше најдобар кај Пеликанс со 31 поен, додека ДеМаркус Казинс дополни со 29 поени и 19 скока.

Мајами постигна 67 поени во второто полувреме за пресврт над Орландо и триумф од 117-111 на гостувањето во дербито на Флорида.

Блескаше Тајлер Џонсон со 31 поен, а одлично го следеше Горан Драгиќ со 25 поени и 8 асистенции.NBA Istok

Се вчитува...