ИН МЕМОРИАМ: Тренер на Тетекс починал на тренинг

Тажна вест пристигнува од Тетово. Денеска на тренинг на клубот починал фудбалскиот тренер Љубо Павловиќ (60). Тој е поранешен фудбалер и тренер на ФК Љуботен, а во последните 15 години работеше како тренер во пионерско-младинската школа на фудбалскиот клуб Тетекс.

Павловиќ денеска го одржал претпладневниот тренинг со своите фудбалери, а ненадејно починал држејќи го тренингот во попладневниот термин, на старото фудбалско игралиште во Тетово.

Се вчитува...