In memoriam: Васил Николовски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

In memoriam: Васил Николовски

Почина Васил Николовски, еден од најпосветените спортски работници во македонскиот мотоциклизам. Беше организатор на голем број трки во мотокрос, истакнат учесник на познатото ФИМ рели, долгогодишен активист во овој спорт.

Васил Николовски беше прв човек на клубот Вардар неколку децении, ја подготвуваше и организираше трката во Орман. Со неговата смрт македонскиот мотокрос ќе остане осиромашен за еден врвен спортски работник, но сеќавањата и споменот за него ќе останат вечни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.