Инфантино доби поддршка од Азија за зголемувањето на учесниците на СП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Инфантино доби поддршка од Азија за зголемувањето на учесниците на СП

Инфантино доби поддршка од Азија за зголемувањето на учесниците на СП

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино на самитот во Сингапур откри дека Азискиот фудбалски сојуз му дал поддршка за новиот систем за СП од 16 групи по три селекции, а вкупниот број на учесници би изнесувал 48 репрезентации.

„Сојузот од Азија ми даде голема поддршка, едногласно. Голем број од земјите би имале корист од тоа. Новиот формат на Мундијалот би донел повеќе возбуда, затоа што сите ќе се борат за преоѓање во следната фаза и секој натпревар би бил важен“ - истакна Инфантино.

Советот на ФИФА на состанокот во Цирих на 9. и 10. јануари следната година ќе гласа за можно проширување на Светското првенство 2024 година, на 40 или 48 репрезентациии.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.