Иниеста одби 35 милиони евра годишно од Кина

Андрес Иниеста е решен својата кариера да ја заврши во Барселона, поради што одбил и две мегапонуди од Кина, едната за плата од неверојатни 35 милиони евра по сезона.

Имињата на клубовите кои покажале интерес за генијалецот на Барселона не се обелоденети во јавноста, но интересно е што во понудите покрај високата плата имало дури и клаузула според која Иниеста не морал да игра на сите гостински натпревари се со цел да биде подготвен за „шоу“ на домашните средби. Преговорите траеле многу кратко, откако шпанскиот репрезентативец соопштил дека не е заинтересиран за преселба во далечната земја, туку дека својата иднина ја гледа во Барселона.

Актуелниот доовор на Иниеста со каталонскиот гигант истекува во јуни 2018 година и се очекува соработката да биде продолжена во следните два месеци. Каталонските медиуми најавуваа дека управата на Барса е подготвена дури и да му чува на овој фудбалер место како еден од водечките луѓе на академијата „Ла Масија“ по завршување на кариерата, со што би се исполнила желбата на Иниеста тој „цел живот“ да остане дел од Барселона.

Се вчитува...