Инсиње: Ќе се бориме до крај за „скудетото“

Наполи ремизираше без голови на „Џузепе Меаца“ против Интер и направи уште еден чекор назад во трката за шампионската титула во Серија А. Сега актуелниот првак Јувентус има еден бод предност на врвот на табелата во Серија А, но и еден заостанат меч, против Аталанта на домашен терен, што му дава изгледна позиција за одбрана на „скудетото“.

Но, Лоренцо Инсиње вели дека „наполитанците“ нема да се предадат до самиот крај.

„Дали му кажавме збогум на „скудетото“?! Не, не…Ќе се бориме до крајот. Ништо не е загубено, иако овие два натпревари, против Рома и против Интер, не успеавме да ги победиме. Сепак, во Милано не е лесно да се победи. Одигравме добро, и мораме да размислуваме позитивно“, изјави Инсиње.

Се вчитува...