Инстаграм препукување меѓу Нејмар и Тони Крос (ФОТО)

Бразилскиот напаѓач Нејмар одлучи да му одговори на Тони Крос кој на специфичен начин ја честиташе Новата 2017 година.

krosneyФудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид преку својот Инстаграм профил им честиташе Нова 2017 година на своите фанови, но на начин кој ги налути навивачите на Бразил затоа што во центарот на вниманието беше полуфиналниот дуел од Светското првенство 2014 кога Германија го декласираше Бразил со 1-7.

На таа „честитка“ прво реагираше Бразилецот Роналдо, а сега се огласи Нејмар кој накратко напиша порака до Крос дека во моментов бројот на титули светски шампион е 5-4 во корист на Бразил, во однос на Германија…

Се вчитува...