Интер без двајца клучни играчи ќе гостува кај Пандев и Џенова

Интер ќе биде без дефанзивецот Миранда и крилото Иван Перишиќ за следното коло од Серија А. „Нероаѕурите“ гостуваат кај нашиот капитен Горан Пандев и неговата Џенова, а Спалети ќе мора да се снаоѓа без двајцата клучни играчи кои се повредија вчера на средбата против Болоња.

Хрватскиот репрезентативец се здоби со повреда на рамото и веќе е започнат забрзан процес на рехабилитација со цел Перишиќ што поскоро да се врати на терените, додека заменикот капитен на екипата се залеже на повреда на бутниот мускул, по што мораше да биде заменет на полувреме во вчерашниот меч против Болоња. Миранда ќе изврши и дополнителни медицински прегледи за да се утврди колку всушност е сериозна повредата.

Спалети се надева дека новото засилување Лисандро Лопез ќе биде фит да го замени Миранда за натпреварот против Џенова, додека италијанскиот стратег очекува во својот состав да се врати Мауро Икарди.

Се вчитува...