Интер броеше до седум, Наполи со два пенали до победа

Интер славеше над Аталанта со преубедливи 7-1, за уште еден доказ на силата на овој состав на „нероаѕурите“ под водство на тренерот Пиоли. Тимот од Бергамо пред неколку седмици среде Неапол го шокираше Наполи, но немаше никаква можност за сензација во Милано откако Интер тргна фуриозно кон нова победа со која останува во трката за третото место кое значи учество во ЛШ. Икарди постигна хет-трик уште пред истекот на 30. минута од овој натпревар, три гола беа дело и на Банега, а седмиот погодок го постигна Галјардини, кој не го прославуваше голот против својот поранешен клуб.

Наполи рутински си ја одработе задачата на домашен терен против Кротоне, триумфирајќи со 3-0. Отпорот на гостите беше скршен со пеналот на Инсиње во 31. минута, а „наполитанците“ заиграа уште подобро во вториот дел, кога Мертенс влезе во игра на местото на индиспонираниот Паволети. Наполи и вториот гол го постигна од пенал, овојпат преку Мертенс, пред Белгиецот од игра да ги постави конечните 3-0.

Киево неочекувано лесно и убедливо го совлада Емполи со 4-0, додека Фиорентина со голот на Калиниќ од пенал во 90. минута стигна до трите бода против Калјари.

Резултати Италија:

Киево – Емполи 4-0, Интер – Аталанта 7-1, Наполи – Кротоне 3-0, Пескара – Удинезе 1-3, Фиорентина – Калјари 1-0.

Inter 7-1 Atalanta – All Goals & Highlights… by timefootball

Napoli 3-0 Crotone – All Goals & Highlights… by timefootball

Nikola Kalinic Goal HD – Fiorentina 1-0… by dailyfootballkick

Се вчитува...