Интер го чува најдоброто, нов договор за Иван Перишиќ

Иван Перишиќ стави потпис на нов договор со Интер, обврзувајќи го Хрватот за италијанскиот гигант до 2022 година. Еден од најдобрите поединци на „нероаѕурите“ одлучи да остане на „Џузепе Меаца“, и покрај тоа што летово беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед.

„Денеска е посебен ден. Пресреќен сум што ја продолжив соработката со Интер. Ова лето беше стресно за мене, а и за клубот, па мило ми е што сето тоа заврши, па сега можам да се фокусирам на фудбалот. Знам дека не зборував могу за мојата иднина во последно време, но сега можам да кажам дека мислите ми се само кон Интер. Пред да го официјализираме договоророт зборував со Спалети, и можам да кажам дека со него овој клуб е на вистинси пат. Сметам дека може да го извлече најдоброто од мене“, истакна Перишиќ.

Хрватскиот репрезентативец во Интер пристигна за сума од 18.5 милиони фунти од редовите на Волфсбург во 2015 година, а од тогаш за италијанскиот гигант настапи на 80 натпревари, постигна 21 гол и исто толку асистенции.

Се вчитува...