Интер ќе ги прибере Стариџ и Рафиња?

Италијанскиот калчолигаш Интер најавуваше звучни засилувања за зимскиот преоден рок, но реалноста на Лучијано Спалети би можела да биде сосема поинаква. Засега нема ништо од Рамиреш, Пасторе, Мхитарјан, туку на „Џузепе Меаца“ би можеле да пристигнат двајца фудбалери кои се во потрага по поголема минутажа.

Даниел Стариџ, напаѓачот на Ливерпул кој веќе не е во плановите на Јирген Клоп, се најавува како засилување за „нероаѕурите“. Тој би дошол како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, со опција потоа да добие и понуда за продолжена соработка, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

Бразилецот Рафиња од Барселона е вториот фудбалер што треба да пристигне во Интер. Тој исто така има скромна минутажа, а Спалети би можел многу подобро да го искористи за настапите во Серија А. Сепак, Барселона не сака да се согласи да го пушти на позајмица, потребни се пари по ангажманот на Кутињо, а Рафиња е проценет на 20 милиони евра.

Се вчитува...