Интер му нуди нов договор на Хандановиќ

Италијанскиот калчолигаш Интер сака во своите редови да го задржи словенечкиот чувар на мрежата Самир Хандановиќ. Раководството на „нероаѕурите“ отпочна преговори со искусниот голман за продолжување на соработката до 2021 година. Според новиот договор, тој треба да заработува 3 милиони евра по сезона.

Хандановиќ дојде во Интер во 2012 година и оттогаш се наметна како сигурен на голманската позиција во тимот. Иако има 33 години, Интер верува дека тој ќе може без проблем да биде меѓу диреците и во наредните четири години.

Се вчитува...