Интер не ја прифати оставката на Пиоли

Тренерот Стефано Пиоли по мечот со Фиорентина сакал да го напушти кормилото на Интер, но раководството го одби неговото барање и го убедувале да остане. Поразот од 5-4 против Фиорентина само ги влоши работите по ремито од 2-2 со Милан. Иако по неговото доаѓање Интер нареди во низа неколку победи, но од мечот со Торино, се’ тргна наопаку за „нероаѕурите“.

Пиоли чувствувал дека е изнеревен од играчите, тие повеќе немале доверба во него, ниту во неговата тактика, па сметал дека најдобро е да замине од клупата на Интер, но по краток состанок со спортскиот директор Пиеро Аусилио, решиле Пиоли да остане до крајот на сезоната.

Сега се’ зависи од натпреваор со Наполи во недела. Пиоли повторно ќе поднесе оставка доколу неговите избраници повторно доживеат пораз. Доколку се случи ова, во последните кола Интер ќе биде предводен од тренерот на младинскиот тим, Стефано Веки.

Се вчитува...