Интер носи дефанзивец на Бенфика

Лучијано Спалети се пожали дека „и мајка му на 80 години гледа дека му е неопходен дефанзивец“, а управата на Интер експресно реагираше и договори доаѓање на нов одбранбен фудбалер на „Џузепе Меаца“.

Станува збор за Лисандро Лопез, 28-годишниот член на Бенфика чие доаѓање е речиси целосно договорено. Имено, Интер ќе плати два милиони евра за позајмица до крајот на сезонава, а потоа летоска ќе треба да издвои уште осум милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор со португалскиот гигант.

Во меѓувреме, челниците на Интер ги интензивираат и преговорите за исполнување на уште една желба на својот тренер, доведување на поранешниот член на Челси, Бразилецот Рамиреш, кој е член на кинескиот Џиангсу.

Се вчитува...