Интер по продолженија во четвртфиналето на Купот на Италија

Интер успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Италија, откако на домашен терен ја совлада Болоња со 3-2, дури по продолженија. Стрелец на победничкиот гол беше Антонио Кандрева во 98.минута од средбата. Тренерот Пиоли на стартот им даде шанса на неколку фудбалери кои досега имаа помала минутажа, но и покрај тоа Интер поведе со фантастичниот гол на Џејсон Мурилјо, кој со удар со ножички донесе предност во 34.минута. Пет минути подоцна Родриго Паласио зголеми на 2-0, а Блерим Џемаили сепак ја намали негативата на Болоња пред одморот.

Гостите во 73.минута преку Годфред Донсах успеаја да израмнат и да го одведат мечот во продолженија, но, сепак, на крајот Интер се најде во четвртфиналето.

„Нероаѕурите“ во следната рунда го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Лацио и Џенова.

All Goals & highlighst HD – Inter 3-2 Bologna… by Live1Goals

Се вчитува...