Интер си играше пенал-рулет против третолигашот Порденоне – за четвртфинале во Купот

Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Интер, се „коцкаше“ на пенали против третолигашот Порденоне и едвај успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ славеа на пенали со 5-4, но аплаузите на „Џузепе Меаца“ ги собраа фудбалерите на Пордононе.

Спалети почна без Икарди, Перишиќ и Брозовиќ, но и откако ги уфрли во игра, Интер не успеваше да го пронајде патот до мрежата на третолигашот. Мечот отиде во продолженија, а и по нив, остана 0-0. Се изведуваа пенали.

По петте серии, резултатот беше израмнет 3-3, а резервниот голман на Интер, Даниеле Падели, го одведе својот тим во четвртфиналето, откако одбрани пенал во седмата серија. Нагатомо го потбрди триумфот со успешна реализација и маките на Интер на овој конечно престанаа.

Се вчитува...