Интер во јануари го купува Рабио?

Интер одлично ја стартуваше сезоната во Серија А, но тренерот Лучијано Спалети дека му недостига уште некоја коцкичка во мозаикот. Токму затоа ќе се обиде веќе во јануари да го засили составот уште со некое име. На списокот како приоритетно име се наоѓа Адриен Рабио, играчот за врска на Пари Сен Жермен.

Спалети веќе побарал од спортскиот директор Валтер Сабатини да оствари контакт со фудбалерот, но и со францускиот клуб, со оглед дека неговиот актуелен договор има важност до 2019 година. Интер, според информациите од Италија, е подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе Рабио, а оди и на картата дека „светците“ сепак ќе мора да продаваат фудбалери за да го задоволат финансискиот фер-плеј по купувањето на двете мегаѕвезди, Нејмар и Мбапе.

 

Се вчитува...