Интер во јануари ќе го доведе Алекс Тешеира

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе доведе големо засилување во зимскиот преоден рок. На „Џузепе Меаца“ треба да пристигне Алекс Тешеира, бразилскиот интернационалец кој сега го носи дресот на кинескиот Џиангсу. На барање на тренерот Лучијано Спалети, а со помош на компанијата „Сунинг“, која е косопственик и на кинескиот клуб, Интер ќе добие огромно засилување.

Бразилецот замина во Кихна за сума од 50 милиони евра, но таму не може да се привикне најдобро на животот и сака да се врати во Европа. А Интер е најдобрата опција во моментот за него, со оглед дека се работи за „братски клубови“ со идентичен газда.

Се вчитува...