Интер во јануари тргнува по Месут Озил

Германскиот интернационалец Месут Озил одлучи дефинитивно да не го продолжува договорот со Арсенал, па јасно е дека ќе го напушти „Емирати“ по завршувањето на сезоната. Но, „топчиите“ ќе се обидат да го продадат уште во јануари, за да извлечат одредена сума за отштета, со оглед дека на лето ќе може да си замине како слободен агент.

Италијанскиот калчолигаш Интер е клубот што засега е најзаинтересиран за ангажман на Месут Озил во зимскиот преоден рок. Претседателот Ерик Тохир потврди за медиумите на Апенините дека Германецот е еден од фудбалерите кои се во фокусот на „нероаѕурите“ и ќе се обидат да го купат како една од желбите на тренерот Лучијано Спалети.

Интер оваа сезона има одличен старт во Серија А, па раководството сака дополнително да го засили тимот во јануари, со надеж дека ќе може да биде конкурентен за освојување на „скудетото“.

Се вчитува...