Интер водеше, па се спасуваше од пораз во Торино

Интер одигра нерешено (2-2) на гостувањето против Торино во првиот натпревар од 29. коло во италијанската Серија А.

„Нераѕурите“ најпрво водеа на мечот со погодокот на Кондогбиа во 27. минута од средбата. Но, потоа Торино успеа да стигне до пресврт со головите на Баѕели во 33. минута и Аквах во 59. минута. На крајот, Интер сепак извлече барем реми со голот на Кандрева во 62. минута од натпреварот.

Antonio Candreva Goal HD – Torino 2-2 Inter 18… by riqezi

По овој бод, Интер со 55 остана на петтата позиција на табелата, додека Торино со 40 бода е на 10. место.

Се вчитува...