Интернационален атлетски митинг „Лазо Милошевски“ на „Филип Втори“ во Скопје

Атлетската федерација на Македонија денеска по 31-ви пат го организира Интенационалниот митинг „Лазо Милошевски“ кој со почеток од 14 часот ќе се одржи на националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

На Меѓународниот митинг, според најавите, покрај македонските атлетичари ќе учествуваат и атлетичари од Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Хецеговина, Грција, Турција и Хрватска.

Се очекува учество на околу 100 атлетичар(к)и и тоа во десет дисциплини: 100 метри, 800 метри, скок во далечина и скок во височина, во машка и женска конкуренција, како и меморијалната трка на 400 метри која ќе се трча во машка конкуренција.

Се вчитува...