Интернетот се „запали“: Меси како мало дете покрај Манџукиќ… (видео)

Јувентус одигра неверојатен натпревар во четвртфиналето од ЛШ славејќи против Барселона со 3-0. Покрај атракциите на терен, на навивачите не им побегна ниту ретко видената „пресметка“ меѓу Марио Манџукиќ и Лионел Меси во првото полувреме.

Хрватскиот напаѓач беше еден од најдобрите поединци во редовите на Јувентус, силно мотивиран за надигрување, па во една таква ситуација страдаше и најдобриот светски фудбалер.

Малиот Меси се обиде да се избори за позиција во дуелот со Хрватот, овој го „приклешти“ оставајќи ја топката да оди во гол-аут.

На Меси не му беше сеедно, додека Манџукиќ се обиде да ја „расчисти“ ситуацијата прегрнувајќи го Аргентинецот, но Меси не сакаше воопшто да разговара.

manmess by videosansebastian

Како и да е, целата ситуација повеќе од интересна за забавни реакции по социјалните мрежи…

duel

Се вчитува...