Инцидент: Албанците го прекинаа мечот со Италија

Квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Албанија е прекинат поради дивеењето на гостинските навивачи. Имено, од трибината каде се наоѓаат албанските фанови во текот на натпревари беа фрлени чадни бомби и бројни петарди, а откако молбите од делегатот не вродија со плод, а инцидентите зачестија, судијата кон средината на второто полувреме го прекина натпреварот.

Инаку, Италија е во водство од раната фаза на мечот со 1-0, со голот од пенал што го постигна Даниеле де Роси.

dimni bombi dimni 3

Се вчитува...